Tuning Stage 1 vs 2 vs 3 – кoja е разликата?
Често се среќаваме со понуди за stage 1, 2 или 3 tuning. Но, што значат овие фази и која е разликата меѓу нив?
Не сме воодушевени што ја разбиваме илузијата, но tuning фазите во основа се прилично бесмислени термини ако се применуваат само во однос на придобивки на моќност. Уште полошо, не постои никаква стандардизација помеѓу производителите на aftermarket делови и тјунерите, па тие се комплетно отворени за интерпретација од маркетинг тимовите.
Така, според некои компании ја имаме следната класификација:
- Stage 1 – Најевтина опција
- Stage 2 – Платете повеќе пари и добијте поголема моќност
- Stage 3 – Платете многу пари и ќе ве спремиме за трки!
Според други:
- Типична Stage 1 – Модификација со еден променет дел (издувен систем, филтер за воздух итн.)
- Типична Stage 2 – Два или повеќе делови
- Типична Stage 3 – Работа во внатрешноста на моторот
Можат да се сретнат и класификации по моќност:
- Типична Stage 1 = 20 КС повеќе
- Типична Stage 2 = 40 КС повеќе
- Типична Stage 3 = 100 КС повеќе
Ако се потрудиме, сигурно ќе најдеме и “пионери” кои први на пазарот нудат stage 4 и 5 tuning.
Сепак, постојат некои карактеристики кои определуваат типични модификации за секоја од фазите. Па, да погледнеме низ овие генерализации и да објасниме што овие фази би значеле за нас.
Stage 1 модификации
Модификаците од фаза 1 можат да се вршат изолирано. Со други зборови, не се потребни било какви други модификации за да се добијат некакви подобрувања, иако можеби се потребни за да се извлече максимумот.
Ваквите модификации се прилично едноставни. Нив можат да ги вршат аматери и ентузијасти без големо предзнаење и искуство. Би требало да се вклопат одлично на стандарден мотор кој е во добра состојба, но обично не резултираат со големи зголемувања на моќност.
Примери за вакви модификации се: chip tuning, филтри за воздух, издувен систем, blow-off вентили и слично.
Stage 2 модификаци
Овие модификации нудат поголеми добивки на моќност од оние од фаза 1, но за сметка на тоа се покомплексни и често поскапи. За нив обично се потребни т.н supporting mods (некои фаза 1 модификации може да се сметаат како припрема за фаза 2) или промена на повеќе делови за да функционираат. Најчесто ги изведуваат професионалци или искусни аматери – ентузијасти кои го имаат потребното знаење и опрема.
Кај поновите возила речиси stage 2 модификации мораат да бидат проследени со chip tuning со цел да имаат било какво позитивно влијание врз моторот.
За типични примери се сметаат: додавање или надградба на турбо, додавање на компресор, надградба на малку поагресивни брегасти вратила, подигнувачи, клацкалки итн.
Stage 3 модификации
Тука длабоко навлегуваме во мотоспорт светот. Во фаза 3 спаѓаат модификациите кои значително ги подобруваат перформансите на возилото, но многу брзо можат да го направат неупотребливо за секојдневна употреба.
Да ги земеме за пример тркачките сопирачки. Тие функционираат одлично при екстремно високи температури, типични при возење на тркачка патека. Но практично се бескорисни кога се ладни, што значи дека возењето низ град ќе биде прилично застрашувачко додека да постигнат работна температура.
Друг пример се агресивните тркачки брегасти вратила. Тие ќе ја распоредат моќноста на моторот повисоко во опсегот на вртежи кои типично се користат при возење на тркачка патека. За сметка на тоа, ќе го остават нискиот опсег практично без сила, што значително ќе го отежни секојдневното возење на автомобилот во градска средина.
Би можеле да продолжиме, но ја разбирате поентата. Агресивни модификациии, не се погодни за автомобил за секојдневна употреба на јавни патишта.
Sveiki, aš norėjau sužinoti jūsų kainą.
Zdravo, htio sam znati vašu cijenu.
Здравейте, исках да знам цената ви.
Sveiki, es gribēju zināt savu cenu.
Hello from Happykiddi.
Hola, volia saber el seu preu.
Sawubona, bengifuna ukwazi intengo yakho.
Hi, kam dashur të di çmimin tuaj
Hi, I wanted to know your price.
Hi, ego volo scire vestri pretium.
Aloha, makemake wau eʻike i kāu kumukūʻai.
Szia, meg akartam tudni az árát.