• Phone+38976210000
  • AddressАкадемик Пенчо Давчев 18 Велес
  • Open HoursПон-Пет: 08h-16h Саб:08h-12h
Контактирајте не
  • Phone+38976210000
  • AddressАкадемик Пенчо Давчев 18 Велес
  • Open HoursПон-Пет: 08h-16h Саб:08h-12h

DPF Филтер

Од 2009 година, кога EURO 5 стандардот за емисија на издувни гасови стапи на сила, кај дизел моторите стана задолжително вградувањето на DPF (Diesel particulate filter) филтер. Но, многу автомобили произведени и пред 2009г. Исто така имаат вграден DPF филтер во очекување на EURO 5 стандардот.

Целта на стандардот е намалување на штетните гасови до 80%, а негативен ефект е фактот дека возачите на автомобили со вграден DPF филтер можат да бидат изложени на трошоци за замена помеѓу 500€ и 2000€ евра.

Што е DPF филтер?

DPF филтерот изгледа како издувен лонец и најчесто се наоѓа во близина на моторот, на самиот почеток на издувниот систем на автомобилот. Неговата намена е да ги замени традиционалните катализатори со поефективни филтри кои овозможуваат поефикасно филтрирање на штетните гасови.

Дополнително вградени се и неколку сензори преку кои компјутерот за контрола на моторот може да ја следи состојбата на филтерот.

Филтерот функционира на тој начин што гасовите поминуваат низ структура која наликува на саќе, дизајнирана за минимални опструкции на протокот на воздух. При ова, штетните честички се лепат на ѕидовите на каналите, со што се намалува и емисијата на штетни гасови на возилото. 

DPF filter | nituning.rs

Проблеми со DPF филтер

Проблеми со DPF филтерот се јавуваат кога не е возможно да се направи регенерација. Целта на процесот на регенерација е намалување на честичките залепени на ѕидовите од саќето на филтерот. Се врши на тој начин што компјутерот за контрола на моторот привремено ја зголемува температурата на издувните гасови со цел наталожените честички да изгорат и да се ослободат каналите за проток на воздух.

За правилна регенерација на DPF филтерот неопходно е сите компоненти на системот за емисија на штетни гасови да бидат исправни, од сензорите на самиот филтер, системот за вбризгување на гориво, EGR вентилот, па се до термостат и сензор за температура на моторот. Дополнително, регенерација не е возможна при возење низ град и најдобро функционира на автопат, каде се одржува константна брзина во период од најмалку 20 минути.

Доколку не се направи регенерација подолго време, наталожените честички речиси целосно го блокираат излезот на издувните гасови, што доведува до следните симптоми:

  • Намалена моќност на возилото
  • Check engine сијаличка пропратена со safe-mode на возилото, при што често не е возможна брзина поголема од 80км/ч
  • Зголемена потрошувачка на гориво
  • Црн чад од издувниот систем

Доколку кај Вашето возило се присутни овие симптоми, следниот чекор е компјутерска дијагностика со цел да се потврди неисправност на DPF филтерот.

Решенија на проблемите со DPF филтерот

Во моментот кога ќе се појават проблемите со DPF филтерот можни се 3 решенија: негова замена, чистење или целосно исклучување на системот.

Замената на филтерот е најчесто прилично скапа инвестиција, бидејќи вклучува замена на самиот филтер и компонентите кои довеле до негов дефект. Често цената за замена го прави процесот неисплатлив, посебно за возила постари од 5-7 години. 

Чистењето на филтерот може да обезбеди неколку илјади километри возење, но во пракса најчесто проблемот со DPF филтерот се враќа многу брзо. Причина за ова е што проблемот кој довел до дефект на филтерот најчесто не се решава.

Единствено трајно решение во моментов е целосно исклучување на DPF системот. Нашата услуга за деактивација на DPF системот ќе Ви обезбеди софтверско исклучување на системот, така што гарантирано нема да има штетни последици врз моторот на возилото.

Со деактивација, покрај трајното решавање на проблеми со DPF системот, дополнително добивате и:

  • Намалена потрошувачка на гориво
  • Приметливо зголемена моќност на моторот (2-5кс)

Закажете термин и откријте го потенцијалот на вашето возило.