• Phone+38976210000
  • Open HoursПон-Пет: 08h-16h Саб:08h-12h
Контактирајте не
  • Phone+38976210000
  • Open HoursПон-Пет: 08h-16h Саб:08h-12h

Кога последен пат сте промениле антифриз?

Денес ни пристигна BMW F30 320d со сериозен проблем: огромно течење на масло.
По детална проверка, откривме дека проблемот потекнува од ладилникот за масло (oil cooler).
Гумената заптивка беше целосно распадната, а алуминиумскиот дел на ладилникот имаше длабока корозија.

Причината? Нередовна промена на антифриз.

оштетен ладилник за масло поради стар антифриз на BMW F30

Зошто се случува ова?

Антифризот не служи само за да не замрзне течноста во системот за ладење.
Со тек на време, тој ја губи својата заштитна способност, pH-вредноста се менува и течноста станува киселинска.

Кога тоа ќе се случи, почнува да ги нагризува металните делови и гумените заптивки, како во случајот со ова BMW.
Во рок од неколку години, може да предизвика:

  • оштетување на ладилникот за масло,
  • пропуштање кај заптивки и црева,
  • запушување на радијаторот,
  • па дури и оштетување на главата на моторот.

Препорачани интервали за промена на антифриз

Тип на антифризБојаПрепорачан интервал на променаНапомена
G11 – IAT (Inorganic Acid Technology)зеленана секои 2 годинистара формулација, користена кај постари возила
G12 / G12+ – OAT (Organic Acid Technology)црвена / розевана секои 5 годининајчеста кај современи возила
G12++ / G13 – HOAT (Hybrid OAT)жолта / синана секои 4–5 годининајнова генерација, честа кај европски производители

Повеќе информации за типовите на антифриз

Не чекајте проблем – спречете го

Редовната промена на антифриз е мала инвестиција што спречува скапи оштетувања на моторот.
Во случајот со ова BMW, промената на антифриз навреме ќе чинеше неколку стотини денари.
Сега, поправката на ладилникот за масло чини повеќекратно повеќе.