• Phone+38976210000
  • Open HoursПон-Пет: 08h-16h Саб:08h-12h
Контактирајте не
  • Phone+38976210000
  • Open HoursПон-Пет: 08h-16h Саб:08h-12h

DPF филтер: симптоми, проблеми и решенија

Од 2009 година, кога EURO 5 стандардот за емисија на издувни гасови стапи на сила, кај дизел моторите стана задолжително вградувањето на DPF (Diesel particulate filter) филтер. Но, многу автомобили произведени и пред 2009г. Исто така имаат вграден DPF филтер во очекување на EURO 5 стандардот.

Целта на стандардот е намалување на штетните гасови до 80%, а негативен ефект е фактот дека возачите на автомобили со вграден DPF филтер можат да бидат изложени на трошоци за замена помеѓу 500€ и 2000€ евра.

Што е DPF филтер?

DPF филтерот е дел од издувниот систем на возилото. Изгледа како издувен лонец и најчесто се наоѓа во близина на моторот, на самиот почеток на издувниот систем. Неговата намена е да ги замени традиционалните катализатори со поефективни филтри кои овозможуваат поефикасно филтрирање на штетните гасови.

Дополнително вградени се и неколку сензори преку кои компјутерот за контрола на моторот може да ја следи состојбата на филтерот.

Филтерот функционира на тој начин што гасовите поминуваат низ структура која наликува на саќе, дизајнирана за минимални опструкции на протокот на воздух. При ова, штетните честички се лепат на ѕидовите на каналите, со што се намалува и емисијата на штетни гасови на возилото. 

DPF filter | nituning.rs

Проблеми со DPF филтер

Дел од нормалното функционирање на DPF филтерот е и процесот на регенерација. Целта на процесот на регенерација е намалување на честичките залепени на ѕидовите од саќето на филтерот. Се врши на тој начин што компјутерот за контрола на моторот привремено ја зголемува температурата на издувните гасови со цел наталожените честички да изгорат и да се ослободат каналите за проток на воздух.

Проблеми со DPF филтерот се јавуваат кога не е возможно да се направи регенерација.

За правилна регенерација на DPF филтерот неопходно е сите компоненти на системот за емисија на штетни гасови да бидат исправни, од сензорите на самиот филтер, системот за вбризгување на гориво, EGR вентилот, па се до термостат и сензор за температура на моторот. Дополнително, регенерација не е возможна при возење низ град и најдобро функционира на автопат, каде се одржува константна брзина во период од најмалку 20 минути.

Доколку не се направи регенерација подолго време, наталожените честички речиси целосно го блокираат излезот на издувните гасови, што доведува до следните симптоми:

  • Намалена моќност на возилото
  • Check engine сијаличка пропратена со safe-mode на возилото, при што често не е возможна брзина поголема од 80км/ч
  • Зголемена потрошувачка на гориво
  • Црн чад од издувниот систем

Не мора секогаш да се појават сите симптоми. Кај некои возила првиот знак е само зголемена потрошувачка или почесто вклучување на вентилаторот по гасење на моторот.

Доколку кај Вашето возило се присутни овие симптоми, следниот чекор е компјутерска дијагностика со цел да се потврди неисправност на DPF филтерот.

Решенија на проблемите со DPF филтерот

Често може да се слушне советот дека затнат DPF филтер треба да се „издува“ на автопат со возење на високи вртежи. Ова, во најдобар случај нема да помогне, а кај сериозно затнат DPF може да предизвика екстремно високи температури во издувниот систем и да создаде ризик од пожар. Ако веќе има симптоми или грешка за DPF, мора да се направи дијагностика.

Во моментот кога ќе се појават проблемите со DPF филтерот можни се 3 решенија: негова замена, чистење или целосно исклучување на системот.

Замената на филтерот е најчесто прилично скапа инвестиција, бидејќи вклучува замена на самиот филтер и компонентите кои довеле до негов дефект. Често цената за замена го прави процесот неисплатлив, посебно за возила постари од 5-7 години. 

Чистењето на филтерот може да обезбеди неколку илјади километри возење, но во пракса најчесто проблемот со DPF филтерот се враќа многу брзо. Причина за ова е што проблемот кој довел до дефект на филтерот најчесто не се решава.

Единствено трајно решение во моментов е целосно исклучување на DPF системот. Нашата услуга за деактивација на DPF системот ќе Ви обезбеди софтверско и физичко исклучување на системот, така што гарантирано нема да има штетни последици врз моторот на возилото.

Со деактивација, покрај трајното решавање на проблеми со DPF системот, дополнително добивате и:

  • Намалена потрошувачка на гориво
  • Приметливо зголемена моќност на моторот (2-5кс)

Закажете термин и откријте го потенцијалот на вашето возило.

Најчести прашања за DPF филтер

Може ли да возам со запушен DPF?

Зависи од степенот на затнатост и причината за проблемот. Ако автомобилот има значително намалена сила, предупредување за DPF или Check Engine, не е добра идеја проблемот долго да се игнорира. Зголемениот притисок во издувниот систем може дополнително да ги оптоварува моторот и турбината.

Како да знам дека автомобилот прави регенерација?

Симптомите зависат од моделот, но може да забележите малку повисоки вртежи во мирување, моментално зголемена потрошувачка, променет звук на моторот или работа на вентилаторот. Кај некои автомобили возачот речиси и не забележува дека регенерацијата е во тек.

Зошто DPF повторно се затнал по чистење?

Најчеста причина е што не е отстранет основниот проблем. Ако моторот создава премногу саѓи или не може правилно да ја извршува регенерацијата, филтерот повторно ќе почне да се затнува. Друга причина би можела да биде несоодветно или нецелосно чистење на филтерот.

Дали Check Engine значи дека DPF е затнат?

Не. Check Engine може да се активира поради голем број различни дефекти. Потребно е читање на грешките и проверка на реалните параметри пред да се утврди дали проблемот е поврзан со DPF.

Колку трае DPF филтер?

Нема фиксен интервал. Животниот век зависи од конструкцијата на возилото, начинот на возење, состојбата на моторот, маслото што се користи и успешноста на регенерациите. Со зголемување на километражата во филтерот постепено се акумулира и пепел која не може да се отстрани со регенерација.

Колку чини решавање на DPF проблем?

Не постои една цена која важи за секое возило и секој DPF дефект.

Понекогаш проблемот е во сензор или неуспешна регенерација. Во друг случај филтерот е физички затнат, а понекогаш причината е дефект на друг систем на моторот.

Затоа точната цена зависи од моделот и моторот, состојбата на DPF филтерот и интервенцијата што е потребна.

За информација за конкретно возило можете да нè контактирате на 076 210 000. Најдобро е да ни кажете марка, модел, година и мотор.