EGR Вентил
EGR Вентил
Вентил за рециркулација на издувни гасови
Што е EGR вентил?
EGR (exhaust gas recirculation) вентилот ја контролира рециркулацијата на издувни гасови на моторот, така што ја регулира количината на издувни гасови кои ќе се вратат на повторно согорување во цилиндрите заедно со свежиот воздух. Вентилот обично е потполно затворен при агресивно возење, додека при мала оптовареност на моторот постепено се отвора. Со отворањето, дел од издувните гасови се враќаат на повторно согорување во цилиндрите.
Главната причина за постоење на EGR вентил и рециркулација на издувните гасови е намалување на емисијата на штетни гасови од моторот.
Негативна страна на рециркулацијата
Бидејќи издувните гасови содржат големи количини на јаглерод, негативните ефекти од рециркулацијата вклучуваат таложење на наслаги врз вентилите, усисната грана и самиот EGR вентил.
Со тек на време, овие наслаги го намалуваат протокот на воздух и во еден момент доведуваат до тотална нефункционалност на EGR вентилот.
Симптоми на проблеми со EGR вентил
Најчести симптоми на проблеми со функционалноста на EGR вентилот се:
- Намалена моќност и неправилна работа на моторот
- Црн чад од издувниот систем (само за дизел возила)
- Зголемена потрошувачка на гориво
- Check Engine сијаличка
Доколку кај Вашето возило се присутни овие симптоми, следниот чекор е компјутерска дијагностика со цел да се потврди неисправност на EGR вентилот.
Како се решаваат проблемите со EGR вентилот?
Чистењето на наслагите не е докажано како трајно решение. Најчесто проблемот брзо се враќа а често не се ни решава. Замената на EGR вентилот може да биде прилично скапа инвестиција, а со оглед на сомнителниот квалитет на горивата и резервните делови, многу е веројатно дека проблемот ќе се појави повторно по неколку илјади километри.
Единствено трајно и квалитетно решение е софтверско исклучување на EGR вентилот, така што тој воопшто нема да пропушта издувни гасови назад во моторот. Со ова, не само што ќе се решат проблемите предизвикани од рециркулацијата, туку и значително ќе се подобри ефикасноста на моторот.
Придобивките од исклучување на EGR вентилот вклучуваат: намалување (во некои случаи и целосно елиминирање) на каснењето на турбината (turbo lag), значително намалени температури на моторот и намалување на штетните наслаги.
Закажете термин и откријте го потенцијалот на вашето возило.