Кога последен пат сте промениле антифриз?
Денес ни пристигна BMW F30 320d со сериозен проблем: огромно течење на масло.
По детална проверка, откривме дека проблемот потекнува од ладилникот за масло (oil cooler).
Гумената заптивка беше целосно распадната, а алуминиумскиот дел на ладилникот имаше длабока корозија.
Причината? Нередовна промена на антифриз.

Зошто се случува ова?
Антифризот не служи само за да не замрзне течноста во системот за ладење.
Со тек на време, тој ја губи својата заштитна способност, pH-вредноста се менува и течноста станува киселинска.
Кога тоа ќе се случи, почнува да ги нагризува металните делови и гумените заптивки, како во случајот со ова BMW.
Во рок од неколку години, може да предизвика:
- оштетување на ладилникот за масло,
- пропуштање кај заптивки и црева,
- запушување на радијаторот,
- па дури и оштетување на главата на моторот.
Препорачани интервали за промена на антифриз
| Тип на антифриз | Боја | Препорачан интервал на промена | Напомена |
| G11 – IAT (Inorganic Acid Technology) | зелена | на секои 2 години | стара формулација, користена кај постари возила |
| G12 / G12+ – OAT (Organic Acid Technology) | црвена / розева | на секои 5 години | најчеста кај современи возила |
| G12++ / G13 – HOAT (Hybrid OAT) | жолта / сина | на секои 4–5 години | најнова генерација, честа кај европски производители |
Повеќе информации за типовите на антифриз
Не чекајте проблем – спречете го
Редовната промена на антифриз е мала инвестиција што спречува скапи оштетувања на моторот.
Во случајот со ова BMW, промената на антифриз навреме ќе чинеше неколку стотини денари.
Сега, поправката на ладилникот за масло чини повеќекратно повеќе.
